Повторно почнаа со насловите: „Сè помалку првачиња“, „Хрватска остана без 50 првачиња“, „За десет години затворени 158 училишта“.



Значи, што очекувате? По заминувањето на стотици илјади луѓе од Хрватска, главно млади луѓе, луѓе на возраст кога градат семејство, училиштата се празни.
Утре ќе бидат празни и факултетите.

Задутре нема да има работници. Реално, и сега ги нема, пишува „Индекс.хр.

Кукање за „неколку првачиња“ откако цели генерации млади се избркани со мизерни плати, со филозофијата „ако не сакаш, има кој ќе сака“.

Ако си одат работници, ако си одат младите, а тие масовно си одат, ако си одат и медицински сестри на возраст од педесет години, од каде ви паѓа на памет дека некои деца ќе дојдат во вашите училишта?

Или идејата дека некои непостоечки работници од утре ќе уплаќаат во вашите пензиски фондови?
Тие луѓе не постојат.
Наталитетот опаѓа насекаде, но имаме и огромно заминување на работоспособни луѓе

(…)

Значи, дали до неодамна беше нормално да се работи 50 часа и, ако некој побара соодветно работно време или некакво покачување, да добие одговор „ако не сакаш, има кој ќе сака“?

Дали беше нормално да им се исплаќа минимална плата или дел од парите на на рака на работници, во градовите каде што цените на недвижностите се повисоки и повисоки?

Дали беше сосема нормалнон да има цели индустрии во кои влегуваш со партиска или семејна книшка, освен ако не си некој кадар кој навистина им е потребен, па дури и тогаш треба да слушаш газда кој е партиски соодветен…