Адвокат близок на СДСМ бара да не се напаѓаат криминалците од Онкологија додека не ги осуди судот

Адвокатот Антон Моцан Моцо од Скопје кој важи за близок и поддржувач на СДСМ бара да не се напаѓаат криминалците од Онкологија додека не ги осуди судот.



Моцан цитира член од законот за кривична постапка во кој се зборува за презумпција на невиност барајќи криминалците, за кои и премиерот Ковачевски призна дека правеле криминал, да не бидат судени од јавноста пред судот да донесе соодветна пресуда.

,,Член 1
Цел на Законот
Овој закон ги утврдува правилата со кои се овозможува правично водење на кривичната постапка, така што никој невин да не биде осуден, а на сторителот на кривичното дело да му се изрече кривична санкција под условите предвидени во Кривичниот законик и врз основа на законито спроведена постапка.
Член 1 од Законот за кривична постапка!
За сите што обвинија, судеа и санкцинионираа со средновековни казни за дела за кои не е утврдено дека се направени”, пишува Моцан според кого нападите врз криминалците на Онкологија кои краделе цитостатици од болни и ги продавале на Косово е линч, а не правна држава кон која се стремиме.

Последни вести

Одамна го надмина Заев и сега се бори сам со себе за најголема искажана глупост

Премиерот не запира да ,,тресе зелени”: Измисли дефиниција за криминалот на Онкологија (ВИДЕО)