ЛДП: Име и презиме имаат тие што правеле „бизнис“ на Онкологија

Либерално-Демократската партија ги охрабрува засегнатите институции внимателно и транспарентно да ја водат истрагата, односно да не дозволат повторно да сведочиме на немање одговорност и прикривање на вистинските факти по скандалот на Клиниката за Онкологија каде, според првични сомневања, имало препродажбата на лекови и оставање на болните од карцином без терапија.



„ Сомнежот ми се роди кога не и падна косата “ – Граѓаните се погласни по скандалот со онкологија

„Да не се дозволи повторно да сведочиме на немање одговорност и прикривање на вистинските факти.

Ми го убија детето, нема да се смирам дури нема доживотен затвор

Оние кои правеле злоупотреби со цитостатици и ги ставиле во опасност човечките животи, треба да одговараат и да го знаеме нивното име и презиме, час поскоро“ вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

Таа додава дека секој човек е важен и има еднакво право на соодветен третман во здравството.

„Секој од нас може да се најде во состојба да му е неопходна терапија за да си го продолжи животот.

Не дозволиво е повеќе да ни умираат децата, родителите, ние за некој неовластено да стекнува финансии.

Секој човек е важен и има еднакво право на соодветен третман.

Затоа повикувам и на морална одговорност на менаџментот на Клиниката и кривична одговорност и јавно објавување на сторителите. Потребна е итна реорганизација на здравствениот систем и поставување на систем на индивидуална одговорност“ повика претседателката Зајкова.