По три дена жестоки реакции во јавноста за случајот со Онкологија каде на пациенти им се давал физиолошки раствор а цитостатиците се претпоставува давале на Косово се јави и СДСМ кои се на власт седма година и за цело време имаат министер или заменим за здравство.
Според начинот на кое е напишано соопштението на СДСМ, според кое две децении се знаело за проблемот, може да се разбере дека премиерот Ковачевски ги обвинува екс премиерот Заев и министерот Филипче дека знаеле но не реагирале за криминалот.
Во чудното соопштение СДСМ за скандалот ја обвинува и ВМРО-ДПМНЕ која ја нарекува криминална партија и во исто време ја кани да стане дел од власта.
Целото соопштение во кое има јазични грешки во го пренесуваме интегрално:
Акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите.
За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега за прв пат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување.
Наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда.
Инситуционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период.
Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри, само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани, години наназад, ќе ги изнесе пред лицето на правдата.
СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ кои освен злоупотреби ништо друго не знаат.






