Во серија објави на Фејсбук, аналитичарот Џевдет Хајредини ги доведува под знак прашање изјавите на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ поврзани со наводниот влез на Македонија во Унијата во 2030-та година.
„Маричиќ треба да е премногу наивен ако сериозно мисли, исто како Али Амети, дека некој му верува кога тврди дека Македонија и пред 2030 година ќе биде рамноправна членка на ЕУ“.
За изјавата дека земјава треба да се движи на брза лента и до 2030 да станеме членка на ЕУ, Хајредини со констатација:
„Ти, очигледно, тешко ќе се движиш на брза лента“.
Конечно, за тврдењето дека ако нема уставни измени за седум години на следните генерации треба да им објасниме зошто не сме меѓу новите членки на ЕУ, Хајредини со коментар.
„Никој нема да бара од тебе некому нешто да објасниш. Ти тогаш нема да бидеш тој што си сега. Ќе бидеш никој и ништо“- му порачува аналитичарот.







