„Вообичаено е договорите за доброседство и пријателство да бидат правени врз принципи на реципроцитет и симетричност. Мора да кажеме дека овој договор не е граден врз основа на приницпите за реципроцитет и не е сосема симетричен. Има клучни точки во кои тој отстапува од овој модел, образложи денеска од собраниската говорница пратеникот Ферид Мухиќ.



Тој смета дека македонската страна направила напори и отстапки што не се вообичаени и со тоа ја покажала својата добра волја, пренесе Макфакс.

„Сите овие афирмативни елементи се значајни, но треба и да се види дека она што се добива со овој договор има и своја цена. Таа цена, вели Мухиќ, е вредноста на македонскиот гест.

Денеска беше ратификуван Договорот за добрососедство со Бугарија потпишан на 1 август од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, со 61 гласови „за“, воздржаниот глас на Мухуиќ и во отсуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.