Контроверзниот македонски судија Кирил Георгиев чиј мотор е украден на Сицилија и за кој до италијанските власти ургирал неговиот татко врховен судија има италијанско државјанство.
Ова го тврдат италијански извори кои првично укажаа на нервозата што врховниот судија Наќе Георгиев ја предизвикал кога преку македонската дипломатска мрежа ургирал властите на Сицилија брзо да го најдат моторот на неговиот син.
Проблемот со италијанскиот пасош на контроверзниот Кирил Георгиев кој беше избран за судија откако татко му по само две недели даде оставка од судскиот совет е што тој не може да суди предмети во кои има класифицирани информации.
Најголем дел од овие предмети се токму во надлежност на скопскиот кривичен суд за каде тој беше избран за судија во периодот кога додека бил во Италија му бил украден скапиот мотор марка БМВ.
Георгиев поради двојното државјанство не може да добие безбедносен сертификат, што значи не може да суди предмети во кои содржат материјали, докази, заштитени сведоци или искази класифицирани како строго доверливо или државна тајна.
А избран е за судија во Основен суд Скопје 1, кој е најбитен суд во државата, каде често се судат најважни предмети со класифицирани материјали и заштитени сведоци, како “Монструм”, случајот “Диво Насеље” итж други.
Со тоа Георгиев е помалку способен да ја врши улогата на судија во скопскиот кривичен суд односно тој влегол на место на некој друг судија кој нема пречка да добие безбедносен сертификат и да ги суди сите можни предмети.
Доколку Георгиев во апликацијата пред изборот за судија го скрил фактот дека е странски државјанин тој направил тежок прекршок поради кој може да му биде одземена функцијата судија за која сега добива повеќе од 2000 евра плата.
Доколку пак Георгиев пред да биде избран кажал дека има италијанско државјанство тогаш за доскриминација и други дела може да одговараат членовите на телото кое го избрало за судија затоа што некој друг судија што имал слични квалификации но нема странски пасош бил во предност пред синот на врховниот судија.
Судскиот совет по допрен глас во овој состав или подоцна ќе мора да одговори како дозволил човек кој има хендикеп да суди тешки предмети да биде избран за судија.
Со оглед на сериозноста на случајот за него може по допрен глас да истражува и Јавното обвинителство затоа што теоретски криење на странско државјанство може да значи дека некој судија работи за странски служби или ентитети.
Повеќе детали за случајот кој содржи повеќе контроверзи во сторијата што вчера ја објави expres.mk






