Почина поранешниот сопственик на лондонската луксузна стоковна куќа „Херодс“ и фудбалскиот клуб Фулхам ФЦ, и „нбесуден свекор“ на британската принцеза Дајана, Мохамед Ал Фајед, починал на 30 август „од старост“
Милијардерот имаше 94 години, соопшти неговото семејство…
Мохамед Ал Фајед беше познат и по врската на неговиот најстар син Доди Ал Фајед со британската принцеза Дијана.
Двајцата загинаа на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.
Империјата на Мохамед Ал Фајед го вклучуваше и парискиот хотел Риц, од кој Дијана и Доди тргнаа пред да доживеат несреќа додека бегаа од папараците.
Мохамед Ал Фајед никогаш не ја преболе смртта на својот син.
Од самиот почеток, претприемачот постојано ја повторуваше теоријата на заговор дека Доди и принцезата биле убиени со учество на британската тајна служба. (Дојче веле)







