Осум најупорни за наградата од 1.000 евра лежат веќе над 320 часа на натпреварот во лежење во Црна Гора, кој вчера влезе во 15-от ден.
Минатогодишниот рекорд беше соборен минатава недела кога ни дождот, ни заладувањето, а претходно ни екстремно високите температури не го нарушија натпреварувачкиот дух на учесниците во натпреварот во лежење што се одржува во црногорското етносело Брезна, коешто се наоѓа меѓу Никшиќ и Плужине.
Во игра за победа е и победничката од 2021 година – Дубравка Алексиќ од Подгорица. Таа беше сопственичка на последниот рекорд од 117 часа лежењ
Овој натпревар којшто ја прави Црна Гора единствена земја во Европа, е посебно занимлив поради прифатениот стереотип за Црногорците – дека се наводно мрзлив народ. Правилата се едноставни – на учесниците им е забрането да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, јадење и пиење. На секои осум часа, дозволено е да се оди в тоалет. Тв21






