Барем едно средно школо заличи на школо каде би скала и jас да учам!
Браво за Александар Сибиновски и целиот тим!
Се надевам ќе станете пример и за другите школи и особено за директорите!
Затоа што како што кажав веќе кога потребите на општеството ќе станат поважни од потребите на поединците… само тогаш ќе мрднеме од место!
Браво уште еднащ 👏👏👏👏
Ова е порака објавена на Фејсбук како честитка до директорот на средното ,,железничко и поштенско” училиште Владо Тасевски.
,,Пред околу 6 месеци со зборовите да е здравје и живот, со Господ напред, го најавив проектот за комплетна реконструкција на внатрешноста на нашиот втор дом СУГС “Владо Тасевски”-ПТТ, со проекција за изведба до 1 септември.
👉 Денес, на почетокот на новата учебна година, гордо и нескромно ќе кажам, УСПЕАВМЕ!!!
🫶 Вака изгледа модерен и европски училишен центар! 👇
И не застануваме тука….”, пишува директорот Александар Сибиновски кој објавува фотографии кои не наликуваат на македонско средно училиште.
#WeAreTheTeam #wecontinuetoimprove






