Бугарија почнала дипломатска битка да спречи македонска резолуција во Сенатот на САД

Бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел откри дека официјална Софија прави дипломатски чекори за да спречи Сенатот на САД да донесе ,,македонска резолуција” што е ново досега невидено ниво на иредентизам, шовинизам и непријателство кон Македонија од страна на Бугарија.



Габриел не откри зошто една држава би водела војна против резолуција на САД за друга држава. Најверојатно на Габриел и на Бугарија кои сметаат дека македонците се настанати од Бугари им пречи американска резолуција со која се потврдува засебноста на македонската нација како различна од бугарската.

Прашана за предложена резолуција во американскиот Сенат, септември да се прогласи за месец на македонско-американското наследство во САД, таа рече дека МНР на Бугарија ќе направи се тоа да не се случи. Таа информира дека бугарското МНР уште од првиот момент кога дознало за поднесената резолуција презело активности, амбасадорот и генералниот конзул во Вашингтон веќе разговарале со тимот на сенаторот кој ја предложил резолуцијата. Габриел кажа дека дека процедурата во Сенатот е започната, но оти ќе направат се што е можно да не биде донесена.

Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Во меѓувдеме, гувернерката на американската сојузна држава Мичиген Гречен Витмер, веќе го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.

„Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница“, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.