Администрацијата на Бајден ќе испрати контроверзна муниција за оклопни возила со збогатен ураниум во Украина за прв пат, според документот што го видел Ројтерс и одделно потврден од двајца американски претставници.
Муницијата, наменета за уништувањето на руските тенкови, е дел од новиот пакет воена помош за Украина што ќе биде претставен следната недела.
Муниција може да се испалува од американските тенкови Абрамс кои треба да бидат испорачани во Украина во наредните недели.
Еден од официјалните лица рече дека следниот пакет ќе вреди помеѓу 240 и 375 милиони долари, во зависност од тоа што е вклучено.
Иако Британија испрати осиромашен ураниум во Украина на почетокот од оваа година, ова ќе биде прва ваква американска пратка и најверојатно ќе предизвика контроверзии.
Бајден одобри испраќање касетни бомби во Украина, забранети во над 120 земји
Ова следи по претходната одлука на администрацијата на Бајден од јули, да испрати касетни бомби во Украина, и покрај загриженоста дека таквото оружје е опасно за цивилите.
Меѓународната коалиција која се залага за забрана на употребата на осиромашен ураниум истакнува дека постојат опасни здравствени ризици од внесување или вдишување прашина од осиромашен ураниум, вклучувајќи различни видови тумори и вродени дефекти.
Радиоактивниот материјал може дополнително да го искомплицира и онака големиот проблем со неексплодирани убојни средства од касетни бомби и стотици илјади нагазни мини во Украина по војната.
САД користеа големи количества муниција со осиромашен ураниум во Заливските војни во 1990 и 2003 година и во бомбардирањето на НАТО на Југославија во 1999 година.







