Легендарната кебапчилница Пчела ја избриша ,,Македонска” по што се соочува со загуба на огромен број муштерии

Легендарната скопска кебапчилница ,,Пчела” која важи за омилено место за ручек на скопјани и туристи ја избриша салатата која досега ја продаваше како ,,Македонска” по што се соочува со загуба на огромен број муштерии.



Салатата која сега во менито се нарекува ,,Национална” а се состои од патлиџани и печени пиперки е со сменето име по смената на имиња на националните институции како Македонска опера и балет кои станаа Национална опера и балет или Македонска информативна агенција која стана Медиумска информативна агенција.

Најверојатно името на македонската салата е сменето во национална поради стравот на газдите дека со Македонска можат да ги иритираат државните инспекции или пак некој од институциите им рекол дека треба да го сменат името на салатата.

Новинарот и публицист Диме Ратајковски ја објавува ситуацијата во која разбрал за лудата одлука на газдите на Пчела да го сменат името на салатата.

,Под чинарот ручече…
Ќебапчилница „Пчела“. Стара Скопска чаршија.
– Дечко! И салата една ќе ни донесеш! Каква имате?
– Имаме Шопска, Национална и (не му текнува) Грчка…
– Каква ви е таа НАЦИОНАЛНА салата? – го прашуваме.
– Таа со пиперка што беше! – збунето ни одговара.
– Мислиш МАКЕДОНСКА!
– Да! Порано македонска што ја викаа?!
– Аха…

Од мене толку…”, пишува шокираниот Ратајковски.