Русија ги стави во борбена готовност интерконтиненталните ракети „Сармат“

Русија ги стави во борбена готовност моќните интерконтинентални ракети „сармат“

Шефот на руската вселенска агенција Роскосмос кажа денес дека интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат десет и повеќе нуклеарни боеви глави, се ставени во борбена готовност, јави државната новинска агенција РИА.



Рускиот претседател повеќе пати од почетокот на конфликтот во Украина порача дека Русија ќе ги употреби сите средства, вклучувајќи нуклеарно оружје, за одбрана на својот територијален интегритет. Минатата година кажа дека украинската територија која е под руска контрола е дел од Руската Федерација и дека спаѓа под „нуклеарниот чадор“ на Москва.