Фото галерија: Со многу предивици и без учебници, почна новата учебна година, највозбудени првачињата

По летниот распуст повторно одекна првото училишно ѕвонче во основните и средни училишта низ земјава. Радост, смеа, но и силен детски џагор се слушаше низ уличишните дворови на стартот од новата учебна година. Со свечена церемонија, во основните училишта беа пречекани најмалите, а топло добредојде освен родителите им посакаа и наставниците.



Највозбудени беа првачињата за кои денеска стартува една нова образовна приказна. Тие се среќни што за прв пат седнуваат во школските клупи.

Првиот училишен ден за првачињата беше посебен и возбудлив, велат наставниците, и додаваат дека им посакале топло добредојде на новите ученици, за полесно вклопување во новата школска година.

Во меѓувреме, за едни добар, но за други ученици не толку добар старт на учебната година. За две генерации ученици нема испечатено книги, поточно за децата од трето и шесто одделение.

Меѓу новитетите кои почнуваат оваа учебна година е и пролетниот распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај, а наставата ќе заврши на 17 јуни.