Георгиев : Лога некоректно не напаѓа преку медиуми

Министерот за правда Кренар Лога е некоректен затоа што го напаѓа ова тело преку медиумите, а не доаѓа на седниците, иако по функција е член и може да придонесе за подобрување на состојбата во правосудството, вели Сашко Георгиев, претседател на Судскиот совет во изјава за „Слободен печат“.
Ние сме мирољубиви и не сакаме да се отвори војна со минстерот за правда Кренар Лога, кој во последно време континуирано и со интензивна критика го напаѓа Судскиот совет. Ние не бегаме од критика, напротив, сметаме дека таа служи за да се корегираат состојбите, но воопшто не е коректно да нè напаѓа преку соопштенија и преку медиумите, а не доаѓа на седниците на Судскиот совет, каде е член според функцијата. Јас го повикувам да дојде и да седнеме во Судскиот совет и да разговараме за сите проблеми со кои се соочуваат судовите, вели Георгиев.
За ставовите на Лога во однос на работата на Судскиот совет Георгиев смета дека тоа е видување на министерот.
Ние разгледуваме точки за судството во кои надлежност има и самото Министерство за правда, зборуваме дека во судовите недостигат технички и материјални средства, опрема, информатичари, како и судии и судска администрација. Министерот, како што му е должност, може и лично да придонесе за подобрување на состојбите во правсудството, а наместо тоа, тој постојано потенцира одредени судови и изнесува лични ставови. Тој ја има надлежноста како министер, но ја има и одговорноста – вели Георгиев.



Георгиев: Не сакаме војна со министерот Лога кој некректно нè напаѓа преку медиумите, наместо да доаѓа на седниците на Судскиот совет