Нема информација дали ќе продолжи изградбата на мостот на булевар АСНОМ кој се уште не е довршен и дали ќе стане реалност изјавата на градоначалничката Данела Арсовска која по стапување на функција рече мостот ќе служи само за фаќање риба.
Според неа за довршување на овој проект проблем е експропријацијата на околните куќи каде треба да се гради.
Бислимовски ја прозва Арсовска да го поправи мостот „Беласица“
Изградба на мостот на бул АСНОМ, почна во преме на поранешниот градоначалник Петре Шилегов и повеќе од половина е завршен, а требаше да го олесни поврзувањео на општините Аеродром и Гази Баба.
Но, градежни активности таму нема, а досега нема информација дали е направена експропријацијата и кога ќе се доврши мосот, пишува Фокус.







