Прегазиле девојче и избегале без да пружат помош на тешко повредената

Две лица завчера прегазиле девојче и избегале од местото на настанот без да пружат помош на тешко повредената која останала да се бори за живот на улицата која води до населбата Драчево.



Според информациите од билтенот на МВР на 30.08.2023 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

Засега нема потврда ниту дали девојчето е живо ниту дали сторителите се во притвор.