Поради филмското бегство од затвор на осуденикот Беким Мемети во јануари годинава, полицискиот командир Срѓан Димитриевски, доби затворска казна од 3 години.
Мемети беше осуден на казна затвор над 20 години затвор, но избега со помош на командирот и тројца полицајци од КПД „Идризово“, кои признаа вина.
МВР: Бегството на Мемети било планирано, полицајците му помогнале…
Затворскиот полицаец Трајче Ацковски исто така доби 3 години затвор, додека И.А., кој учествувал во планот за бегство, добил казна затвор од 1 година и шест месеци.
На вработениот во „Идризово“, Т.П., му е досудена условна казна.
Филмското бегство се одвиваше во јануари.
Бегалецот Беким Мемети сам си ја расекол раката, осуденик ангажиран во затворската амбуланта препорачал да го носат во болница, командирот Срѓан Димитриjевски му наредил на заменикот да изготви документ, па полицаецот му кажал и во кој дел на комбето да го смести…
Биле направени низа пропусти, кои укажуваат дека организираното бегство било помогнато од командирот и од некои од полицајците, кои сега се во притвор, а потврдено со пресудата во Кривичен по признавањето вина.






