Поранешниот амбасадор во НАТО во Брисел Лазе Еленовски објавува анализа за неуспехот на уставните измени, за можноста од избори и што треба да се случува понатаму.
Некогашниот претседател на Социјалдемократската младина кој подоцна беше член на партијатата НСДП, лидер на СДУ и дипломат вели дека владата не смее за своето државничко и дипломатско фијаско не смее да ги обвинува граѓаните и опозицијата дека се против ЕУ затоа што никој во Македонија не е против унијата но не под условите кои ги договорија Ковачевски и владата сами.
,,Уставните измени како што и се очекуваше не успеаа. Тоа е логична последица
на тоа што го бараат преку 70% од граѓаните, меѓу кои и мнозинството од членството и симпатизерите на СДСМ. Со тоа се потврдиja лошата политика и тактика на власта, а за штетата што ја направија со нивното инфантилно водење на политика и владеење цената допрва ќе ја дознаеме. Секако по
изборите, бидејќи нивниот демократски и морален капацитет не дозволува
никаква транспарентност и искреност со сопствениот народ. Тоа се гледа и во
оваа ситуација кога за сопственото државничко и дипломатско фијаско се
обвинува опозицијата и народот кои се против измените”, пишува Еленовски кој дава одговор зошто се случи неуспехот на уставните измени кои власта ги подигна како
conditio sine qua non (Услов без кој не се може)?
,,И за државата, но уште повеќе за себе.
Прво, на власта и се случи тоа што го заслужи. Се сеќаваме како се до
потпишувањето, со невидена доза на ароганција и неодговорност договорот се
криеше од јавноста и опозицијата. Сами одлучија да го ,,поминат Рубикон” и да
договорат нов договор, но не со земјата членка што не блокира туку со целата
ЕУ. Со право сега бугарскиот премиер Денков вели дека ние треба да испорачаме нешто што сме договориле со Унијата, не со Бугарија. Замислете кое е тоа ниво на неукост на власта и национално промашување и
понижување. Тоа не ни се случи ниту по 30 години спор со многу помоќната
Грција со која го потпишавме билатералниот Преспански договор. За сега да ни
се случи со држава која е на опашката на ЕУ.
Така нашата власт сама го потпиша договорот иако знаеше дека и треба опозицијата во парламентот. За запознавање и консултирање на јавноста со таков документ од стратешко национално значење едноставно нема
елементарен демократски капацитет. Такво однесување на една влада е незамисливо да се случи во било која европска држава бидејќи консеквентно владата автоматски би паднала.
Второ, неуспехот на уставните измени (како и сите јавни сондажи) јасно покажува дека граѓаните немаат (повеќе) доверба во оваа влада и сакаат друга влада да продолжи да го води процесот на европската интеграција на
Македонија. Никој не е против ЕУ, како што владата постојано сака да манипулира, туку напротив, мнозинството граѓани се против оваа неискрена и неспособна влада која поради својата неукост и корумпираност наместо да нуди решенија постојано создава проблеми. И ја брука државата на
меѓународна сцена со неспроведување на тоа што сами го ветиле. На тој начин владата се доведе во состојба да е проблем на сите со кои треба да соработува”, заклучува Еленовски.






