Данела Арсовска да се фати за работа и да го санира мостот „Беласица“ каде поминува главата топловодна мрежа за Скопје, ѝ порача опретседателот на Регулаторна комисија на градоначалничјката на Скопје.
Бислимоски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ЕСМ ги отстранила оштетените цевки, но нови не можат да стават бидејќи се чека санацијата на мостот.
„Нема да дозволиме скопјани да останат без парно. Мостот „Беласица“ освен што е витален сообраќаен објект што ја поврзува градската мрежа, исто така е и клучен инфратструктурен дел, под чија конструкција поминува главната топловодна мрежа“, вели Бислимоски.
Од ЕСМ Енергетика велат дека чекаат Град Скопје да го заврши мостот, па да стават нови цевки.
„И да не се санира мостот до почеток на грајната сезона скопјани нема да останат без парно, бидејќи има алтернативен начин на дистрибуција на топлинската енергија“, велат од ЕСМ.
Мостот „Беласица“ беше опожарен на 12 мај годинава и од тогаш е затворен за сообраќај и пешаци.
Град Скопје уште не почнал со санација ниту градоначалничката Арсовска кажува кога оваа значајна сообраќајница ќе биде пуштена во употреба.






