(…)
„На стартот на кампањата ‘Ние сме Европа’ македонскиот премиер Димитар Ковачевски објасни дека изјавата на Емануел Макрон за Европа со повеќе брзини значела ‘дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 во Европската унија’“.
Македонските политичари пред да даваат интерпретации на изјави нивни колеги од странство треба да земат во предвид дека луѓето во денешно време имаат достап и до странски медиуми, каде што можат да ги прочитаат изјавите на странски политичари во оригинал.
Макрон за проширувањето на ЕУ: Теко ни е и со 27 членки!
Пораката на Макрон бездруго има сосема поинаков контекст, од оној што ни го претставува Ковачевски. А конечно, од каде знае токму Ковачевски што мислел Макрон со изјавата?
Му се јави да му ја дообјасни?! – прашува новинарот Атанас Кировски, во колумна за globe.mk
„Оваа изјава на Ковачевски мириса на манипулација“, вели Кировски.
„Исто како што е демагогијата дека внесувањето на Бугарите во Уставот наводно била последна пречка во билатералниот спор меѓу Софија и Скопје. Ги знаеме и францускиот предлог и проколите што се потпишани. Нема смисла дотолку да ни ја навредуваат интелигенцијата.
Од Макрон ништо ново, вели Ристевска Јорданова
Многу пофер пристап ќе беше : Ова што ни го прави ЕУ не е фер. Ни ветуваа дека ако го смениме името поради спорот со Грција ќе ги отпочнеме преговорите. Такви изјави дадоа од највисокиот до најнискиот ешалон политичари во Европа. Тоа не се случи.
Париз измисли пречка и побара нова методологија за пристапни преговори, а се до нејзиното усвојување, за Македонија имаше вето.
Потоа дојде друго вето, овој пат од Бугарија поради наводно непочитување на договорот за добрососедство и соработка. Бугарите излегоа со дузина барања. Повеќето апсурдни и со директно задирање во идентитетот.
Накрај, за да не биде ашиќаре срамот за Европа да бараат од еден мал европски народ да се откаже од сопственит идентитет во 21 век, како главно барање испливаа човековите, односно малцинските права на Бугарите во Македонија и нивно впишување во Уставот. За другите прашања ќе не цедат и условуваат натенане, отако ќе ги отвориме кластерите.
Но, нашата иднина и перспектива е ЕУ. Немаме друг избор, ќе се бориме колку што е можно да не го загубиме достоинството до даска.
Одамна сите знаеме дека немаме опција Б.
Ете тоа ќе беше пофер пристап. Барем ќе беше искрен.
И луѓето ќе беа помалку лути“, пишува Кировски.






