Експлозијата синоќа во центарот на Смедерево се случила откако била активирана бомба на третиот кат од зграда, пишува Нова.рс.
Како што се дознава, експлозивот го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка дискусија со станарите на кои им го издавал станот.
Наводно, причина за кавгата била неплатена кирија.
Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но станарите не му дозволиле.
После тоа се обидел да постави бомба во станот. Се разнел, додека две лица се повредени.
Експлозијата што се случи во четвртокот околу 20 часот и 30 минути во зграда во центарот на Смедерево.
Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.






