Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, вели дека го поздравува тоа што Европскиот совет сака конечно да се ангажира и да направи голем скок за да се случи проширувањето.
Европската комисија (ЕК) отсекогаш била подготвена да даде каков било предлог што ќе нè доведе до проширување во 2030 година, пренесува 360 степени.
Коментарот на еврокомесарот следува по изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел , кој како одредница до кога ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување ја наведе 2030 година.
„Се разбира, ЕК отсекогаш била подготвена да даде каков било предлог што би не водел до таму.
Мислам дека не се работи за датуми. Мислам дека тоа е повеќе прашање на волја, а исто така и прашање на испорака – испорака од страна на ЕУ, но и испорака од страна на нашите партнерски земји од Западен Балкан или другите три земји-кандидатки“, рече Вархеји.
Тој го наведе месец октомври како период кога ќе има суштински предлози.
„Ова ќе дојде веќе во октомври кога ќе сакаме да дадеме суштински предлози, вклучително и плато за раст кој претседателката *Урсула фон дер Лајен) веќе го објасни во Братислава. Ова ќе ја забрза не само институционалната туку и вистинската интеграција. Вистинската интеграција на луѓето и економиите во ЕУ“, рече еврокомесарот, како што пренесе 360 степени.







