Во 2030 ние ќе бидеме првата земја која ќе стане членка на Европската унија, рече премиерот Димитар Ковачевски. Тој е убеден дека изјавата на Макрон дека ЕУ треба да се занимава со сопствените проблеми, а не со прием на нови членки, не е воопшто спротивна од онаа на Мишел за проширувањето на Унијата до 2030 година. Макрон зборуваше за брзини во однос на тоа дека сите нема да влезат наеднаш во ЕУ, рече Ковачевски.

„Јас ја предводам европската коалиција која што вели дека до 2030 година Северна Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан која што ќе стане земја членка на Европската унија. Што се однесува до изјавата на претседателот Макрон, таа не се разликува од оваа изјава ниту пак од неговата претходна изјава кој што вели дека во Европската унија се пристапува според реформите кои што се направени.“, рече Ковачевски.
Инаку, вчера Владата го започна кампањата „Ние сме Европа“ за како што објаснија, поблиску да се претстави значењето на членството на нашата земја во Европската унија.





