Русија најверојатно ќе признаат какво било име за Македонија што ќе го договорат Скопје и Атина, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
На конференција за новинари, Лавров рече дека тој спор долго време беше во „полузаспана состојба“ и дека сега „оживеа“ откако САД одлучија Македонија да влезе во НАТО.
Тој потсети дека Грција е веќе членка на НАТО и дека неа не ѝ е неопходно да прави отстапки, туку дека тоа мора да го прави Македонија.
Кое било решение што ќе го пронајдат двете страни, а тоа ќе биде поткрепено со македонскиот Устав, ние најверојатно ќе го прифатиме, рече Лавров.





