Изгор цени, а институциите си ја префрлаат топката. По повиците од организацијата на потрошувачи и од министерот за економија кон комисијата за заштита на конкуренција, тие велат не можат да постапат ако некоја институција не им доставела сомневање за неетичко однесување на трговците
-Јас од јавното информирање слушнав дека се прават анализи од тоа може ќе излезе некое сознание од некое министерство или од инсититуција би стигнале имиња на кои се сомневаат дека се прават штетни договори, вели Владимир Наумовски, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Цените енормно се зголемија во изминатиот период, а засега конкретни мерки нема. Премиерот денеска посочи дека ќе се преземеле одредени мерки, ама не кажа какви и кога. Инаку ново поскапување се очекува откако ќе поскапи ДДВ-то за дел од производите со измените на законот кој е во собраниска процедура во состав на даночната реформа






