Канадска министерка со две идентитетски навреди за Ковачевски но тој и владата молчат

Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли упати две јавни идентитетски навреди за премиерот Ковачевски но тој и владата молчат.



Наместо реакција за навредите од Џоли владата и министерството за надворешни работи молчат и прифаќаат македонскиот идентитет да се менува во северномакедонски.

,Одлична средба денеска со северномакедонскиот премиер Ковачевски. Оваа посета ни овозможува да ја надградиме нашата соработка; и во поддршката на Украина и во залагањето за северномакедонското пристапување во ЕУ”, напиша Џоли.

Кабинетот на Ковачевски и министерството за надворешни работи на Бујар Османи без реакција на навредите од шефицата на канадската дипломатија.