Властите во Рим бараат македонски врховен судија да не врши притисок врз италијанските органи на прогонот и правосудни институции кои истражуваат дело поврзано со син на судијата.
Италијански дипломатски извори велат дека неевропски и недостоинствени се притисоците кои преку македонската дипломатска мрежа ги прави судијата кој е член на Врховниот суд на Македонија.
Италијанските власти тврдат дека нема никаква потреба од притисоци и лобирање за случајот во кој е инволвиран синот на македонскиот врховен суд затоа што Италија како земја со долгогодишна демократска традиција случајот ќе го реши врз основа на законите и соодветните процедури.
Навредливо е врховен судија од земја каде владеење на правото и правосудството се во сериозна криза на италијанските власти да им кажува што да прават и како да решат конкретен случај.
Италија очекува доколку има правна основа сите комуникации за конкретниот случај со синот на македонскиот врховен судија да одат преку официјалните канали преку министерството за надворешни работи и министерството за правда а не преку неформални канали во кои се злоупотребуваат македонската дипломатска мрежа.
Случајот во кој е инволвиран син на македонски врховен судија се случил на италијанска територија пред околу 45 дена и се уште не е решен.
Поврзана вест
Правосудниот моќник со политичка поддршка мислел дека може да влијае и во Италија






