Новинарот Ивор Мицковски реагира на изјавата на шефот на дипломатијата и актуелен потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, дека од медиумите дознал дека „Еуровиа“ е донатор на партијата и притоа изјави дека „не бил среќен“ кога видел дека е прворангирана на тендерот, за реконструкција на Арената „Борис Трајковски…
„Сега вака, поранешен портпарол и актуелен потпретседател на партија, па уште ДУИ, ако не знае кој му е партиски спонзор, треба да си ја активира таа одложената оставка и да се врати во медицина, ама како пациент.
Немој да не ј**еш.
Второ, самата фирма е откриена дека лажеше оти не била спонзор на ДУИ, како што е потврдено од извештајот на партијата до УЈП.
Значи, што дедуктивно, што индуктивно, лажат и двете страни, лажат за се, лажат секогаш, а кој лаже тој и краде од се и краде секогаш“, објави Мицковски на Фејсбук.







