Најмалку 62 лица загинаа во пожар што избувна утринава во зграда во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка.
Меѓу загинатите има и бебе.
Повредени се уште 40 лица.
Пожарот избувна рано утринава по локално време.
Властите во Јоханесбург велат дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот во големата четирикатница во центарот на градот.
Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави за Би-Би-Си дека пожарникарите успеале да извлечат некои луѓе од зградата.
Тој рече дека пожарот ја уништил зградата и дека потрагата по други жртви продолжува.






