Вјоса Османи се закани: Ако ЕУ ги укине визите за косовските граѓани…

Евентуалната одлука за укинување на визите за косовските граѓани од 1 јануари 2024 година ќе го убие дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави претседателката на Косово, Вјоса Османи.



Изјавата, како што пренесува „Косев“ доаѓа по изнесениот став од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека неговата земја ќе ги разгледа обврските што ги презела во однос на економските прашања и визната политика за Косово и Србија, доколку не се однесуваат одговорно.

„Би рекла дека ова е начин да се убие дијалогот еднаш засекогаш. Ако некој сака да стави
крај на дијалогот, тогаш ќе преземе такви мерки кои се казнени мерки против
народот на Косово. Тие не се насочени против ниту еден лидер, не се насочени против политиката,тие се насочени против народот на Косово.

И таква невидена казна, што е голема неправда, ќе доведе до влошување на дијалогот. Никој нема мандат да одиво Брисел кога народот на Косово е казнет“, рече Османи.