По 35 години придонеси, можете да се пензионирате во Германија како „долгорочен осигуреник“. Пренесува Фактор. Мк Но, каква пензија може да очекувате во просек на крајот на долгиот работен век?
списанието Феникс погледна колку пари добиваат пензионерите.
Податоците од 2021 година покажуваат дека просечната пензија во најголемата европска економија, по 40 години работа, изнесува 1.370 евра
Тамошните медиуми пишуваат дека и во 2022 година има очигледни разлики меѓу сојузните држави во исплатата на просечните пензии. Додека Сар и Северна Рајна-Вестфалија сè уште се на врвот во однос на пензиите, Тирингија и Саксонија-Анхалт сè уште се на последно место.
Но, постои и јасна разлика меѓу половите. Додека просечната старосна пензија за мажи изнесува 1.543 евра нето, жените треба да се задоволат само за 1.173 евра.






