Во Грчец не е уапсен јавен обвинител шеф на мафијашка група за трговија со дрога која требаше да биде разбиена во операцијата ,,Планина”.
Истрагата за Планина во 2021 година беше пробиена откако некој на групата и дошепна дека ќе има акција по што дел од мафијашите избегаа.
Веста која ја пренесе Нова Макеоднија според која Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител кој бил лишен од слобода во с. Грчец поради сомнение како главен организатор на кривично дело: „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215. став 3. во став 1. од Кривичниот Законик, не е точна.
-Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години. Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на изминатата година три од осомничените лица недостапни на органите на прогонот, се лишени од слобода каде што продолжи против нив истражната постапка- соопштуваат од Јавното Обвинителство.
Оттаму, посочија дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна, пренесува весникот.
Оваа вест е променета по реакција од Обвинителството
Медиумите згрешиле
Обвинителството не уапсило обвинител за шефување со нарко картел






