Алтернатива се жали дека власта им ги плаши активистите

Опозициска партија Алтернатива ќе ги извести Народниот правобранител, но и сите меѓународни институции, за притисоци што власта односно Алкијанса за Албанците ги вршат врз активисти од оваа партија.



„Минатата недела на нашиот советник во општина Тетово, кој е вработен во подрачната единица на Министерството за правда во Тетово, му се јавија од Кабинетот на министерот за правда и му рекоа дека ќе го префрлат со работа во друг град, ова следи откако тој направи неколку распределби на реакциите на Алтернативата против министерот за здравство, кој е и експонент на Алијансата за Албанците“, рече Адмирим Алити од оваа партијаја.

Покрај администрацијата, Алити вели дека притисоци и најави за отпуштања има и во училиштата, меѓу наставниците и професорите.

-Изминативе денови бевме информирани дека продолжува заканата во форма на „информација“ дека ќе има намалување на образовниот кадар во училиштата, поради намалувањето на часовите и дека тоа ќе ги погоди токму тие наставници кои имаат симпатии за Алтернативата или се нејзини активисти-вели Алити, според кој вакви случаи биле „бесконечни“, пренесе ТВ21