Ковачевски ќе бил ист Педро Санчез – Догодина и тој ќе правел Влада како Шпанецот

Премиерот Димитар Ковачевски се спореди со шпанскиот премиер Педро Санчез и рече дека и тој како него идната година ќе составува влада.



-Пред изборите во Шпанија, противниците на премиерот Педро Санчез кој е социјал-демократ исто како мене се фалеа со двоцифрено водство, за сега после изборите Педро Санчез повторно составува Влада, така ќе биде и кај нас до година, рече Димитар Ковачевски на трибина на почетокот на кампањата „Ние сме Европа“.