Министерот Бектеши кажа дека оваа година имаме успешна туристичка сезона, а очекувањата се дека овој тренд ќе продолжи и во наредните два месеци. Она што заборави да го каже е дека топка сладолед во Охрид е 150 денари, што до сега никогаш не било случај.

- – “Оваа година имавме успешна туристичка сезона, посебно во охридскиот и струшкиот регион, а тоа го покажуваат и податоците кои се објавени од страна на Државниот завод за статистика каде што има над 40% зголемување на бројот на странски туристи во првите шест месеци годинава, , а согласно сите податоци кои денеска ги добивме од хотелиерите, овој тренд на зголемување на бројот на туристи ќе продолжи и во наредните два месеци“, кажа министерот Бектеши по средбата со раководството на ХОТАМ.

Министерот Бектеши кажа дека веќе се започнати активности во делот на креирање на мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор во делот на подобрување на условите за табота на хотелиерите и туристите.
Во екот на летото цените на хотелско-угостителските услуги во Охрид, на места се превисоки за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. Охрид е туристичка стапица посебно за домашните гости кои доаѓаат на одмор во нашата туристичка мека, објави Алфа.
Но, не само домашните гости, туку и охриѓани, укажуваат дека месното население во сред лето плаќа превисоки цени.





