Пензионерите од Свети Николе повторно излегоа на протест на кој го повторија своето барање – линеарното зголемување на пензиите на 3.500 денари. Во изјава за медиумите, пензионер им предложи на министрите барем за еден месец да си ги заменат примањата, односно тој да им ја даде неговата пензија од 12.000 денари, а министерската покачена плата од 78% да ја добие тој.

– Ако можат да преживеат со 12.000 денари, тогаш ќе се смениме еден месец. Тие нека ни ја дадат нивната плата, а ние ќе им ја дадеме нашата пензија. Доживотно ќе му ги дадам моите 12.00 денари, па нека живее, вели пензионерот.
Меѓу барањата се и да се направи ревизија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во Здружението на пензионери, потоа да имаат бесплатни лекови и како што посочија тие, петтото барање е доколку не се исполнат овие барања, Владата да си поднесе оставка. Пензионерите најавија дека протестите и блокадите ќе продолжат.





