Мечка и две мали мечиња убиени се денеска во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.



„Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени  мечка и две мечиња. По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место“, изјави Стојковски

Кафеавата мечка, која живее во Националниот парк Маврово, е заштитен вид уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година, нивниот лов е трајно забранет.