Не запираат ударите за СДСМ и ДУИ од Брисел од каде денеска дојде нов проблем за наративот на владата дека ако се усвојат уставните измени Македонија ќе стане членка на ЕУ до 2030 година,
Откако вчера првиот човек на ЕУ Шарл Мишел ја спомена 2030 како датум кој може да биде нов термин за прием на нови членки ако ЕУ се реформира шефицата на Европската комисија Урсула Фон фер Лајен го искара Мишел за споменување датум за прием на Македонија и другите земји од Западниот Балкан плус Украина и Молдавија.
Влијателниот медиум Политико пренесува дека Европската комисија не се согласува со ставот на Мишел за 2030 како можен датум за прием на нови членки.
Според заменичката портпарол на ЕК Дана Спинант Брисел не се фокусира на датумот а Мишел не се консултирал со комисијата кога рекол 2030 како датум за прием.
Таа додаде дека Мишел не се консултирал со претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за содржината на неговиот говор за проширување во понеделникот на самитот во Блед, Словенија.
Последното јавно несогласување меѓу Фон дер Лајен и Мишел – наречено „чудна двојка во Европа“ поради нивните тешки односи – доаѓа додека темата за проширувањето на ЕУ добива на интензитет во Брисел.
Исто така во понеделникот, францускиот претседател Емануел Макрон предложи ЕУ со „повеќе брзини“ во врска со пристапувањето на земјите кандидати. Некои балкански народи чекаат со години да се приклучат на ЕУ; според законската рамка, тие мора да исполнат голем број барања пред тоа да стане возможно, пишува Политико.
Целата сторија на Политико






