МОН започнало со дистрибуција на учебници за сите одделенија, освен за шестто. Шестоодделенците годинава ќе почекаат за учебници додека не поминеле фазите на одобрување. Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека останатите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници се испечатени, а испораката до училиштата е интезивирана.
„Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за учениците и прирачници за наставниците кои ќе бидат објавени во електронски формат на веб-страницата на Бирото за развој на образованието во чија и сопственост се истите“.
Досега, како што велат од МОН, учебници се доставени до училиштата во југоисточниот регион, а во општините во северниот и западниот дел на државата сè уште трае распределбата. Исто така, распределбата на учебниците трае и во училиштата во главниот град.





