Денеска во 18 часот е најавен протест пред Министерството за правда против извршителите. „Извршителите и нивните поддржувачи не го спроведуваат законот за застарување на долговите излезен во ‘службен весник’, кој е во сила. Не само што не го спроведуваат законот туку бараат и да се стопира, велат организаторите на протестот.

Здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР се надеваат дека на овој начин конечно ќе им застанат на пат на извршителите кои досега одбиваа да ги стопираат постапките, со што според нив практично не ги почитуваат промените во Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долговите.
Како контрадикторност ја наведува разликата меѓу актуелната ситуација со онаа во 2019-та година кога беше донесен новиот закон за извршители кој исто така важеше ретроактивно. Оттука, како исклучително спорна ја оценува одлуката на адвокатската комора токму ретроактивноста на промените на Законот за облигациони односи да биде причина за оспорување на уставноста.





