Активисти повикуваат на протест поради непочитување на законот за застарени долгови

Поради непримемување на Законот за застарени долгови, активистката за човекови права Ана Глигорова повикува на протест пред Министерството за правда. Вечерашниот собир е поради незадоволството од непочитување за Закон кој е во сила. Глигорова повикува граѓаните да се соберат пред Министерството во 18:00 часот
„Поентата на собирањето на граѓани пред Министерството за Правда не е формално пополнување на барањата за застарување (формуларите), туку да не видат, да се појавиме, затоа што не го применуваат замонот за застарување на долгови. Милион барања да им пуштите без да се појавите е млака реакција на нивното непочитување на закон кој е во сила. Постои реална опасност, да се направат на недоветни, па да го повлечат, замислете законот кој не го почитувале кога бил на сила. Сите симпатизери на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, АА, БЕСА, Левица,…, сите неопределени, млади, возрасни робови на банки, кешари, лихвари, разно разни фирми дојдете утре 29.08 во 18:00 пред Министерството за правда, пишува Глигорова на својот фејсбук профил.