По две години караници и обвинувања, градоначалничката Данела Арсовска конечно реши да ја предаде Универзална сала на Министерството за култура.
Оваа одлука на Арсовска следни откако на последната седница која се одржа минатиот месец советниците ја изгласаа иницијативата на советничката група на СДСМ, Владата да ја преземе салата, за да може да се доправи.
„Донираната проектна документација за реконструкција на Универзална сала, во периодот на мандатот на претходниот состав на Советот на Град Скопје не соодветствува со состојба на терен при изведбата. Поради тоа што нема можност да се продолжи со измени во тек на градба, затоа што законот тоа го дозволува само во случај на градба, а не и при реконструкција како во конкретниот проект, во надлежност на Советот на Град Скопје е да ја донесе Одлуката за пренесување на право на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала во Скопје“, стои во образложението на Арсовска.
Универзална сала е затворена 7 години, потсетува СДК






