Курти сака на место Србија, во комшии да му е – Чешка

„Србија не се огради ниту од Милошевиќ ниту од Путин и дека тој сака да ги нормализира односите и тоа би го направил ако неговиот сосед била, на пример, Чешка“ – изјави на самиот во Блед косовскиот премиер Албин Курти во вербална расправа со српската колешка Ана Брнабиќ.



„Нормализација на односите со Србија е многу тешка. Можно е да се стигне до неа. Треба да го спроведеме договорот што јас и српскиот претседател Александар Вучиќ го договоривме во Брисел, но нормализацијата во реалноста значи отсуство на конфузија за реалноста и фантазијата, а тоа е нешто на што не можам да помогнам“, рече Курти.

Курти рече дека е време сите шест земји од Западен Балкан да се признаат меѓусебно.

Брнабиќ истакна дека за неа Косово и Србија се една земја, дека не станува збор за две земји и дека Косово не е членка на Обединетите нации, како и дека се сомнева дека ќе стане членка на ЕУ. барем додека има двајца непризнавачи.

Таа додаде дека нормализацијатана односите е меѓу Белград и Приштина, е во интерес на Србите и Аланите, но и на целиот регион и дека ова прашање е високо на приоритетната на Србија.