Конечно заладување и дожд

Денеска и во наредните денови се очекува променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.



Во попладневните часови на некои места се очекува невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=6

Во Скопје променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 31 степен.