После денешните говори на
Макрон во Париз и Мишел во Блед
неколку работи се јасни, вели екс пратеникот Илија Димовски кој врз основа на пораките на првиот човек на ЕУ и на Франција дава листа од седум точки кои се лоши за македонските интеграции во ЕУ.
Заклучоците не се однесуваат на временска рамка туку на формата и структурата на проширувањето:
1. Прво внатрешни реформи во ЕУ, после проширување;
2. Европската унија ќе биде унија со повеќе брзини (сите нема да имаат исти права);
3. Украина и Молдавија ќе се интегрираат заедно со Западен Балкан во ЕУ;
4. Земјите од Западен Балкан веројатно заедно ќе влезат, на куп, кога ќе влезат, ако влезат.
5. Земјите од Западен Балкан никогаш нема да имаат право на вето и полно право на глас;
6. Интегрирањето ќе оди тема по тема, област по област.
7. Неопходни се решавање на билатералните проблеми од минатото.
Полноправни, не, нема…”, пишува екс пратеникот.
Димовски реагира по двете лоши вести за македонските евроинтеграции во еден ден:
Разбраа ли Ковачевски, Османи и Маричиќ каква црна порака за ЕУ им пренесе Мишел на Блед?






