Власта во изминатите шест години не успеа да направи функционална држава. Па така еден проблем – раѓа друг. Македонија се празни, млади луѓе си заминуваат, а државата нема стратегија за тоа како да ги задржи, анализа Алфа. Сите економисти кои што ги консултиравме предупредуваат дека без повисоки плати за работниците, Македонија ќе стане земја на пензионери.

Државата се празни, луѓето се иселуваат, а власта само немо посматра од височина. Главната причина што младината си оди, според економистите, е што земјава е речиси нефункционална – капитални инвестиции слабо има, не се вложува во образованието, а здравството е на многу ниско ниво. Капак на се е лошата инфраструктура, односно прикрпените патишта кои со години никако да се модернизираат. Економистот Абил Бауш реагира дека поради ваквите негативни причини, имаме се помалку лидерски способности кај работниците, а за квалификуван кадар ќе дојде ден кога ќе го немаме ни за лак.

- – „За жал што треба да се направи? Треба во Македонија многу да се направи. Немаме стратегија, немаме ништо, а немаме ни луѓе кои треба да работат, мора да има државата капацитет за тоа, е не само да се фалат дека инфлацијата паѓа. Да, таа се намалувам ама што добиле граѓаните? Ништо, поготово ранливата категорија граѓани. Мора да има решение на долг рок“, вели меѓу друото за Алфа, економистот Абил Бауш.
Според експретите кои постојано алармираат дека состојбата не чини, луѓето, гкавно помладите, мора да видат надеж дека може поинаку, во спротивно работите само ќе тапкаат в место. За да се случи тоа, работниците, мора да добиваат повисоки плати, ако не сакаме пред очи да ја снема Македонија.





