Врие од незадоволство кај работниците – сите бараат повисоки плати откако живеачката стана неподносливо скапа

Откако се покачија платите на функционерите, врие од незадоволство и револт речиси во сите сектори во државата, анализира Алфа. Работниците го креваат гласот за повисоки плати. Сите од 1 септември најавуваат, како што велат, „жешка“ есен, поради ниските ниски примања и високите цени на се. По енормното зголемување на платите на функционерите за 78% и по растот на цените, врие од незадоволството кај работниците, од сите сектори во државата. Повисоки плати бара јавната администрација, здравството, судството, новинарите, медицинскиот персонал. Синдикатите најавуваат жешка есен со протести и штрајкови за обезбедување пристоен живот и за што поголем број работници да земаат достоинствена плата.



  • – „Со еден систем може да се воспостави ред, но тоа е после амандманот кој веќе го поднесовме до Собранието. Предлагаме порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи без дискриминација согласно договорените принципи во Општиот колективен договор за јавен сектор и правилата за работниците да важат подеднакво за функционерите, па доколку Владата смета дека зголемување на платите од 10% од септември 2023 година и утврдување на методологија за пресметка на платите, вели за Алфа потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски.

Последни во низата кои бараат повисоки плати и нормални услови за работа се вработените во образованието, кои не ја исклучуваат можноста стартот на новата школска година да почне со штрајк. Покрај платите, причина е и немањето учебници за децата од трето и шесто одделение.  

Протести најавија и вработените во здравството, кои бараат 30% повисока плата за сите, од хигиеничар до доктор. Од септември, генерален штрајк најавија и вработените во судската администрација. Бараат покачување на платите од 30% . Освен кај работниците, ескалираше незадоволството и кај пензионерите, кои се крајно револтирани од огромното зголемување на платите на функционерите. Тие бараат линеарно зголемување на пензиите по 3.500 денари, а не процентуално од 6,8%, кое, како што рекоа, било понижувачки.