Мицкоски: Заедно да се избориме за посветла иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и за Денот на рударите.



-Денес е денот кога сите ние треба да си спомнеме за христијанските вредности кои со векови се дел од нашата традиција и вера. Љубовта кон ближните, но и хуманоста се темелите на нашата духовност, бидејќи тие не учат дека треба да жртвуваме дел од нас, да бидеме трпеливи и истрајни, за да направиме подобро денес и подобро утре за нас, но и за нашите идни поколенија. Искушенијата и предизвиците се дел од секој пат, но сплотени заедно можеме сите нив да ги надминеме.
Денес многу македонски семејства ја споделуваат тешката судбина на несигурност, сиромаштија и одземена иднина.
Ако криминалот и корупцијата ги ништат темелите на нашиот дом, тогаш мораме одлучно да се справиме со нив. Ако отуѓеноста и апатијата ни се закануваат, тогаш заедничкиот патриотизам и проактивноста на секој од нас мора да биде одговорот со кој ќе се спротивставиме, напиша Мицкоски.

Тој во својата честитка посочува дека мора да се променат тешките услови со кои се соочуваат рударите
-Македонските рудари се соочуваат со бројни проблеми и тешки услови за работа. Тоа мора да се промени. Потребни се достоинствени услови за работа и платен труд. Заедно да изградиме подобро и праведно општество. Ќе донесеме иднина за секој еден човек. Заедно да ја промениме грдата слика на секојдневието и се избориме за иднина,
напиша Мицкоски.